и (сврз.) - богат (прид.)

Многу и е тешко, брате Даме! Нема веќе живот! - Така е... - рече Гоце.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во Струмица живееше прочуениот зулумќар и богат Турчин Назлам-бег.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Земјата, мајчица наша, раѓа. Плодна е и богата. Со врела пот ја полеваме, но за кого?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Исто така, овој историски поглед покажува дека речиси во сите времиња се забележува силно работење на народниот дух врз културно-историска основа, резултат на која се јавува образувањето на силна македонска држава од царот Самуил и богата народна литература.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога имав дваесет и две години, се оженив за Љуба од чесната и богата фамилија Наковци од Маказар.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога би дошла, мислеше на неа, само кога би затрубила со своите топли налети, една таква бела млечна и богата југовина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дури и оние неколку тажачки, жени стари како желки и до нос во црно, секогаш готови над туѓ мртовец да ги споменат своите покојници, без допир една со друга и секоја со свои претчувства, стоела во јато, птици што чекаат ветар да ги однесе некаде во топли и богати краишта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во просторот помеѓу куќите и рекичката што брзала ослободена од мраз и со поинаква боја заради надојдената снеговица, гласот како да не значел ништо зашто сѐ што ќе се кажело тоа истото веќе некој го мислел, не еден туку повеќето, ако не и сите околу запрегите. Во такви часови и тагата онемувала.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го следи градењето на вториот Храм по ослободувањето од вавилонското ропство и првиот обред на либидација, на полевањето со вода на жртвеникот, изразот на желбата за добра дождовна сезона и богат род на полињата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кај да го донесе, мори мила, каде, во која Македонија ќе му биде поарно отколку во тоа широко и богато поле, а?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)