и (сврз.) - јадење (имн.)

Нарача едно дваесетипет драмниче тиквешка ракија; виде оти се продава и јадење, та си поруча една солунска сардела и се напи полока винце.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Беше очигледно дека Камилски имаше подготвено вистинско пледоаје за меѓузависноста на лингвистиката и гастрономијата, како вовед во дебатата за османскотурските заемки во балканските јазици и јадења.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој зборуваше со голем занес, како пред катедрата пред некогашните студенти, како при одбраната на својата докторска дисертација во Сорбона.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ние двете ги почекавме во автомобилот, додека да купат пиење и јадење.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Не знам дали има баш толку многу пари, повеќе од татко ми, ама знам дека е трошаџија, како што вели Тета, а тоа нам на децата ептен нѝ одговара.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А и јадењето! Фрижидерот секогаш им е полн, Љубе одлично знае да готви, а најмногу ми се допаѓа кога со Саше ќе не прати по пиво, ќе рече три ладни од фрижидер пивца за мене, а за вас што сакате, сладолед, кока-кола купете си по своја волја.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И ние, со проштение, сѐ кај што работиме: и јадење и мочање и сето друго го вршиме во фабриката.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги заборавивме и јадењата, и зборовите: бакардан, пченкарник, топеница, туримешај, и качамак, и сега најчесто палента“ рече Теми.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
И јадењето им се гледа - зацвакано - недоџвакано - се гледа како им запнува на шупливите заби.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)