и (сврз.) - шешир (имн.)

На масата до нашата седнуваат двајца млади: таа во жолт костим и шешир во иста боја и сламена торба подврзана со шарена марама, а тој во спортски гакици, ама не во тон со неа!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Едно попладне, враќајки се со Тамара од ручек, уште оддалеку ја препозна Атина како оди под рака со еден висок маж, елегантно облечен во кремасто одело и шешир на главата во истата боја.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Се поздравија, Тодор замина, а Петар и Костадин ги облекуваа палтата и шеширите сѐ уште длабоко внесени во разговорите, излегоа од бистрото и заминаа секој во свој правец ....
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)