и (сврз.) - филозофија (имн.)

Жид и порано: восхитеност, маѓепсаност, култ, фетишизам.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Да речеме дека јас веќе во Алжир се „пропрпелкав“ во литературата и филозофијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Делото на Волошинов за Марксизмот и филозофијата, делото на Мукаржовски за семиотиката на уметноста, Јакобсон, Прохаска и Леви за преведувањето, сите тие поставија нов критериум за основање на теоријата на преведувањето и докажаа дека таа е далеку од обична дилетантска трка во која секој што има макар минимално познавање од друг јазик може да земе учество; напротив, преведувањето, како што кажува Рандолф Кирк, “е една од најтешките задачи што еден писател може да ги преземе на себе”.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Вториот тематски блок ќе обработува одреден значаен тренд во литературата, филозофијата итн. (на пр.: „феминизам и филозофија“; „вештачка интелигенција“; „деконструкција“; „кибер-панк“...)
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Врските меѓу литературата и филозофијата се покомлицирани отколку што, се чини, мислат оние што ми противречат. Од ваша перспектива значи нема инкомпатибилност помеѓу разни жанрови?
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
И како што се размешаа јазиците и наравите и обичаите, наредбите и законите и искуствата*: на Египќаните - геометријата, на Персијанците, Халедеите и Асирците - астрономијата, гатањето врачањето, маѓепсувањето и секаква човечка вештина; на Евреите пак, светите книги, а во нив е пишано дека Бог го создаде небото и земјата и сѐ на неа и сѐ по ред како што пишува; а на Грците - граматиката, реториката и филозофијата.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Веднаш потоа и Богомил Ѓузел со крајно изострено чуло, упатеност во проблемот и знаење, ни посочи цела гама проблеми сврзани со семантиката, развојот и филозофијата на говорот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Наместо тоа, тој ги усидри своите текстови во поредокот на интелектот, во одредливите води на библиотеката.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Знаеше дека грубото лице на стварноста демне од секое катче на животот, и се одрекна од светот бидејќи, рече тој, во него не може да се проникне.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Она што го напиша за Пол Валери може да се примени и на него самиот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој пишуваше фикција заснована на теологии и филозофии, литература заснована на литература.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)