и (сврз.) - стапица (имн.)

Холанд покажува како јазовите и стапиците отворени од овој атомистички индивидуализам создаваат внатрешни проблеми на кохеренција коишто се нерешливи во тие рамки (пр., Локовото некохерентно објаснување на супстанцијата, проблемот на солипсизмот, итн.) како и дека ги исклучуваат жените и го легитимираат ова исклучување на суптилни а понекогаш и на несуптилни начини.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ми се крши ко суво стаклено цвеќе во раце, под нозе, на срце во мозокот ми удира ме заклучува ко да сум казнета со катанец, од надвор правам сѐ да ме нема можеби така ќе се спасам ќе фатам џенем некаде усвет, некаде кајшто никој не ме знае и нема да му падне на памет да ме оспорува оти такви работи не им паѓаат на ум на нормални луѓе ама овде сѐ е можно овде ние не сме ние светот е превртен наопаку ние газиме по шилци ако нив ги промашиме ќе нагазиме на мина ако неа ја промашиме ќе се фатиме во стапица ако и стапицата ја промашиме ќе удри гром ако и громот нѐ промаши ќе се изедеме еден со друг.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Некаде во тоа време, во тивките снежни зимски ноќи Рашела везеше сини шари на платната за својот мираз под будното око на мајка ми, која ја подучуваше девојката на нови, сложени везови, а самата го крпеше домашниот веш и нашите чорапи, непрекинато и со тивок спокоен глас кажувајќи ѝ којзнае какви сѐ не приказни за тајните на бракот и стапиците на животот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)