и (сврз.) - рок (имн.)

Кога работодавачот вработува работници по пат на јавен оглас, е должен во јавниот оглас да ги наведе условите што се бараат за вршење на работата, рокот за пријавување, кој не смее да биде пократок од пет работни дена и рокот во кој работодавачот по истекот на рокот за пријавување ќе изврши избор, доколку со друг закон поинаку не е определено.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во јавна установа, јавно претпријатие и друго правно лице што врши дејност на јавна служба, орган на државната управа и орган на единицата на локалната самоуправа – потреба од работник се обезбедува со објавување на јавен оглас во најмалку два дневни весника од кои најмалку во по еден од весниците што се издаваат на македонски јазик и во весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик (чл. 22, ст.1 и 3 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Не сум фан на ирската група „ЈУ-ТУ“, можеби оти кога ја започнав кариерата на пасиониран слушач на поп и рок мелодии, таков саунд не можеше да се слушне на винилските носачи на звук.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Промени претрпе и висината на паричниот надоместок и времето за кое се исплатува паричниот надоместок и основите кои го оневозможуваат остварувањето на правото на паричен надоместок и престанокот на правото на паричен надоместок и роковите за пријавување во Заводот за вработување на лицата кои остваруваат право на паричен надоместок.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)