и (сврз.) - роб (имн.)

Се велам: и робовите оделе боси... и Исус одел бос... Само босите оставале траги низ историјата...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Зар тој што имаше толку исушени откоси зад себе, за кого кружеа гласини дека е женски срцекршач, вечерва уште на втората средба прифаќа да биде понизен слуга и роб.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Бев човек што оди кон неизбежна бездна. Јас - бездомник, провалник, чедо и брат и роб на гревот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Јас - бездомник, провалник, чедо и брат и роб на гревот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но и тој беше слуга и роб на Ал-Шариовци, кои им „направија себап" та им отворија и крчма, и фурна, та дури и грозје, јаболка, круши, гошерки им носеа во таа пустелија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)