и (сврз.) - презир (имн.)

Душата на Александар му се наполни со дотогаш за него непознато чувство, страв од грандиозноста на балот, самозадоволство што е повикан на најважната приватна забава во земјата и презир кон нејзините гости.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
КЕВА: (Погледнувајќи го Теодос, прв пат во животот без стравопочит, дури со остар упрек и презир.) Ама...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А-га-та. Агата – свечената белина на паузата го исчекува следното прашање: Колку деца имал Самоил? 8,30 – 9,15: Мики е сè уште во вода до колена, со цигарчето што чади, а не се смалува.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
ТЕОДОС: (Присуствато на домашните го стреснува, го истрезнува скоро сосем, се напрега да стане, да се исправи, да се истопори, и да загосподари.) Не!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Втората реакција се бесот и презирот кон стварноста и повлекување во некој свој внатрешен (виртуелен) егзил, исклучив и самодоволен, но би рекол, не баш толку среќен. – Стигнавме – ме прекина во невеселите размисли пријателот – новинар.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ја носеше истата горчливост и презир кон толпата.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Опустошувањата што ги правеа нашите предедовци во Византија беа такви факти за кои не можеше да се молчи; а заедно со прикажувањето за опустошувањата се прикажуваше и за опустошувачите, спрема кои Византијците се однесуваа со гордост и презир, како спрема варвари.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Длабоко се надигнуваше незадоволство и презир кон себеси, кон луѓето во овој проклет град, кон оваа тесна и куса, но бескрајно мачна за поминување, улица.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)