и (сврз.) - предмет (имн.)

Човекот повеќе страдал отколку што имал полза од амајлијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Место запис може да се најде и предметче коешто според народното верување штити од уроци, болести и други незгоди.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Небото, езерото, тревата, патките, разните шетачи, сѐ изгледа посвет­ло, почисто, помагично, телата и предметите обвиткани со силна светлост по рабовите, и на некој чуден начин потонати во сопствената тишина и во пределот околу нив. Како да пловат во просторот сами за себе.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Глетката потсеќа на оние од разгледниците, а вие замислувате како го сечете мангото на четвртинки.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Виде едно безредие на бои и предмети и се зачуди: зошто му се стори далечно, во правечност, едно мислење, кога тоа било сега, пред еден миг, пред да влезе, дека на секој акт закован е со печат по еден човек, нумерирано е по едно стебло, фатена е во челична закачка по една овца.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
По приемот на одговорот на тужба или по протекот на рокот за поднесување на одговор на тужба, судот најдоцна во рок од осум дена ќе закаже подготвително рочиште, а истото ќе го одржи најдоцна во рок од 50 дена сметано од денот на закажувањето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Странките се должни најдоцна на подготвителното рочиште да ги изнесат сите факти и докази врз кои ги засноваат своите наводи, како и да ги достават исправите и предметите кои имаат намера да ги употребат како доказ во постапката (чл. 271, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
5 Во јануари 2010 судијата (Ѓ.Христовски), во присуство на полномошниците на обете странки, донесе позитивна пресуда во корист на Ф.И. со која се усвои нејзиното тужбено барање и работодавачот беше задолжен, под страв од присилно извршување, во рок од осум дена да ѝ исплати вкупна сума од 750.000 МКД (12.300 ЕУР) на име справедлив надомест на нематеријална штета на работничката и тоа:6 а) 150.000 МКД за претрпен физички бол; б) 300.000 МКД за претрпен страв; и в) 300.000 МКД за душевни болки заради намалена животна активност; а сето ова сосе законската затезна камата која почна да се пресметува од февруари 2009.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Веднаш по приемот на писмено изработената пресуда – работодавачот, незадоволен од истата, поведе второстепена жалбена постапка, и предметот беше препратен на повисокиот 211 Апелационен суд.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој загрижено следеше како лушпестата палма се шири, го стеснува и го затвора ова убаво зрачење од светот на сонцето, луѓето и предметите, растурени во правливиот двор.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Потоа ќе ги забележите стаклените шкафови што содржат импресивна колекција на прибор за пушење и предмети во врска со дрога, од разни цевчиња до шампон од марихуана, „liquid XTC“ и смарт друг прашоци, плус две големи кутии со кондоми.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Двајца мажи седат на масата, работејќи, со главите наведнати.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се привикнав да постојам ексклузивно, на Погибел дури времето се мереше ноќе како жена дури со змијата ме споредуваа со фалусот и ламјата ја усовршив техниката на помрачувањето, прељубата немам причина да се натпреварувам со луѓето, не ги обожавам идеите и предметите како нив, но и мене ме застрашува Диве, Ероте, песјата страна на жедбата, ненаситоста, иштафот и мене бесови ме беспокојат, лунки Шејтане, постојано сакам нешто младо - Новина, Полутка, Полнеж устата ми запени од подигање удини јазикот од каскање, чинки чинење од вдахновение и празноверие и мене ме плаши изгревот на зајдисонце коцкањето со светлоста за само три дена лажовен три дена налуничав три дена трикрак, троглав жив-отец и мене ме тревожи што долго веќе многу долго преврат нема вртолун, бела ноќ на мојов месечински, на твојот животински појас вртелешко вселенска, машка анатемо Сонце мое.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ние тогаш велевме дека ќе дојде денот кога пролетерите од сите земји ќе се соединат и сите во светот ќе имаат облека и предмети какви што имаше само во каталогот на Ла Ринашенте.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)