и (сврз.) - порака (имн.)

Отец Серафим првин виното го гледа по боја: ја држи озвесно време чашата пред очите, потоа го помирисува виното, па го вкусува држејќи ја голтката и шетајќи ја низ устата, потоа ќе ја голтне, ќе постои малку како да фаќа некакви тајни сигнали и пораки од него, проверува каков траг му остава во грлото - и ќе каже какво е: одлично, ногу добро, средно, 'рѓосано, лошо; и како секој доктор, веднаш кажува одошто е такво и што треба да се стори, како да се лечи за да оздрави, да се спаси, или да се подобри.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Долго време не можев во свеста да се ослободам од алузиите и пораките на прилогот на А.А.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Многу необични желби и пораки...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Дали и таму помислите се престоруваат цртежи Препознатливи како и пораките На немата молитва на жената што коленичи Уверена дека светлината од иконата Ќе падне во скутот на нејзината осаменост?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Тоа беа неколку китки црвен божур, чии тешки глави ѕвонеа со бојата и пораките.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)