и (сврз.) - поздрав (имн.)

Не само Татко туку и присутните блиски беа изненадени кога штом запре возот и вагонот со натпис Paris (Gare de Lyon) се најде на вообичаеното место на перонот, Климент Камилски со куферчето слезе од возот, со бегол поглед и поздрав со кимање на главата, се упати до соседниот вагон во кој беа трите сандаци со книгите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тогаш се сети дека тоа со своето клунче го скинало и ѝ го фрлило во скутот цвеќето, како благодарност, а можеби и поздрав.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
И поздрав до тебе и до Ангелета, до Капинка, до Здравка, до Роса и до Ѕвездана.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)