и (сврз.) - персонал (имн.)

А и персоналот носи капи од кучешки кожи за распознавање и како симбол на Пансионот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И персоналот му возвраќаше со гласно извикување: „За добро здравје и долг живот, газда Вајс!“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Поспаните, кои порано ги совлада сонот, беа жртви на ѓаволштините на будните речиси до самите зори, кога и наставниците како и персоналот на хотелот можеа конечно да здивнат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Затоа и персоналот при играњето му попушташе за да му ги прават миговите среќни.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)