и (сврз.) - парче (имн.)

На Велвет им беа потребни појачала, па повикавме неколку продавници и се обидовме да ги набавиме бесплатно, но сѐ што успеавме да добиеме беше скромен попуст ако платиме во готово.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тогаш Велветите се преселија во Фектори, заедно со своите тапани, и маракаси, и гитари, и казуи, и автомобилски сирени, и парчиња стакло кое го кршеа и почнуваа да вежбаат.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кога беше ручек време, оној напред застана и извади од торбата парче леб и парче сланина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Одеднаш, се здрвив од страв. Ене онде, крај оној камен, забележав коски од некакво животно, на кои имаше свежа крв и парчиња живо месо.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
И додека ја вдишувавме и ја голтавме сладината, таа од џебот ја извади сојката со сиџим врзана за појас, ја пресече тиквата на фаши, парче отсечуваше и парчето секому му го подаваше со рака.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Утре ќе ви е сончево, пријатно за есенска прошетка...“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Чудно ми е дека не ме запрашува зошто олку сум се задоцнил, не ме кара дека веќе се стемнило.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Еве, и јајцата се варени; две ќе ти се доста. И пиперка, и два патлиџана и парче сирење.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тоа беше една вечер кога се враќаше од планината и уморен седна крај каменливата ограда на мостот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Малку по малку, исчезна сосема и оној од разораната земја и од расфрланите предмети што ги опкружуваат сите нови градби; народот ги разнесе и водата ги однесе искршените колци и парчињата од скелињата и преостанатата граѓа, а дождовите ги измија трагите од каменорезачкиот труд.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Имаше тука секогаш и коски од риби и парчиња од лук и мувлосан целер.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)