и (сврз.) - отсуство (имн.)

Во прилог на фактот што многу Ворхолови грешки произлегле од вистинското, а не од симулираното незна­ење, говори и неговото постепено напреду­вање во филмската техника.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Таквиот пристап би претставувал крајна елементарност и отсусво на неопходна смисла за имагинерност.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ако кај Вертов и Годар е забележливо присуството на авторот, тогаш кај Ворхол е забележливо присуството на машината (камерата) и отсуството на авторот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
3. Паузи, одмори и отсуства а) со новиот ЗРО (2005) се избриша една од најексплицитните одредби од стариот ЗРО (1993) во поглед на паузите – тоа беше онаа којашто предвидуваше дека „одморот, во текот на работата, се организира на начин на кој се обезбедува работата да не се прекинува, ако природата на работата не дозволува прекинување на работата или ако се работи со странки“ (чл. 45, ЗРО/03 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Уште на почетокот, кога во однесувањето на госпоѓа Мариела, при честите службени контакти, го проѕре кај неа чувството на наклонетост кон себе, Богдан не можеше да си објасни дали тоа беше резултат на своето, со оглед на годините (тој од госпоѓа Мариела беше помлад дванаесет години) нагласено љубопитство (ако тоа се читаше од погледите со кои тој шеташе по нејзиното високо, видно потполнето, со нагласени облини, но складно тело) или на решеноста на оваа жена со својот порив да направи баланс меѓу срцето и разумот и отсуството на сопруг за нормален живот да го надополни со разуздан одговор на страста која ја поседуваше и заради која еден млад човек беше подготвен да им се подреди на сите нејзини желби.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)