и (сврз.) - основа (имн.)

Бидејќи немале и не сакале да имаат врска со ЦК во Солун, бидејќи не се мешале во работите на Организацијата и не се обидувале да ја шират својата идеологија и својот начин на борба меѓу обесправеното население, гемиџиите сметале дека Иван Гарванов нема никакво право и основа да им се наложува.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Хегеловите дела се многубројни и обемни, а најважните му се: Феноменологија на духот (Phaenomenologie des Geistes, 1807), Наука за логиката (Wissenschaft der Logik, 1812-1816), Енциклопедија на филозофските науки (Enzyklopaedie der philosophischen Wissenschaften im Grundniss, 1818) и Основи на филозофијата на правото (Grundlinien der Philosophie des Rechts oder Naturrecht und Staatswissenschaft im Grundniss, 1821).
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Промени претрпе и висината на паричниот надоместок и времето за кое се исплатува паричниот надоместок и основите кои го оневозможуваат остварувањето на правото на паричен надоместок и престанокот на правото на паричен надоместок и роковите за пријавување во Заводот за вработување на лицата кои остваруваат право на паричен надоместок.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)