и (сврз.) - мравка (имн.)

Овие тројца во сѐ се угледуваа на пчелите и мравките, постојано учеа и си помагаа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
ЛИПА I Кога се решив да ја исечам неа кога се решавав челото со градушки ми се оросуваше а срцето ми биеше в грло кога се решавав зашто одлуката не беше лесна да се исече врсникот мој со кого растев од ластар што го следев до вита стеблика со која си игравме на врвот јас нејзе поткрепа ѝ бев таа пак мене лулка таа мене устрем во височини јас нејзе заштита од бубачки и мравки од црвојаднина.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
И мравките, ене ги го изнесле својот одвишок од храна да го потсушат на благото сонце да не им се расипе од зимошната влага, а мрзливиот штурчо дебне отстрана да може да крадне некое и друго зрнце, оти прегладнел за овие три четири месеци лежење под снегот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И пилците ги разбирам, и бубалките, и мравките.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Дервишите излезени од циркускиот плакат танцуваат во истиот пустински предел, во кој раздразнетата толпа се граба за крвавата слезинка, џигер, бубрези, изгнасени од прав и мравки.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И мравките насетуваа дека ќе се случи - први почнаа птиците, пауните, папагалите и златните фазани, потоа се јавија волците и лавовите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)