и (сврз.) - мебел (имн.)

И сега, замисли, невеста од барака (ќарена за време на земјотрес) со теписон, покриен со черга по дијагонала (од практични причини) и тросед обвиткан со најлон и захефтан со патенти како од филмот „Големата грчка свадба“ (од хигиенски причини), од една страна... и младоженец што живее во државен стан, послан со „персијанер“ и мебел од оние 15,16 ЛУЈ, од друга.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Прво, требаше да се исфрлат непотребните предмети, па потребните да се подредат по некоја логика: според нивната намена и намената и капацитетот на просториите и мебелот и, по можност, според барањата на естетиката, иако таа е веќе во голема мера задоволена ако е задоволен предходниот критериум, оти убавото во домот го прави пред сѐ чувството дека е по човечка мера.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Во ходникот ја очекува лакеј во униформа, на улицата пар вранци и санки со мечкино крзно...
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Задоволното убаво лице и мебелот велат: „Јас сум среќна и богата“. Но, не верувајте, читателу!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)