и (сврз.) - мама (имн.)

И натаму очите ни беа заковани на крајот од улицата, од каде што ги чекавме татко и мама.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ќе видиш. Само ќе мораш да ми помогнеш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
За велосипедот пред тато и мама ниту збор, а јас вечер ќе ти го донесам право дома.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„Добро, а ти и мама како се зедовте? Ти ја дојсоја да ја видиш, или те женаја без да ја знајш, поради имото?“ праша Тинето.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Тато и мама се две суштества кои не можат одделно да се замислат.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Па кога едно дете ќе ги сфати овие нешта, како што ги сфати и Зоки Поки, тогаш за него е најголема среќа кога тие тато и мама ќе го сакаат и него, и ќе го примат во својата убава заедница, чувајќи го како најскапото што го имаат.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Тато и мама се на работа, Лидија в градинка.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Имате желби да летате, да патувате, да бидете сакани, да ви се живи и здрави тато и мама, имате желба убаво да се облекувате, да имате свои книги, имате желба да бидете добри ученици, да имате добри другари и слично.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Легнав помешечки. Лицето го нурнав во перницата: чиста, бела, мириса на „факс“.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тато и мама тивко разговараа. Беа тоа зборови исполнети со грижа.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Лежев сосем неподвижен, небаре мртов и самиот си се сожалував.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Зошто сум низок? Тато е висок. И мама е висока. А јас?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Но, немав смелост да ѝ ја кажам вистината.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Подлец си... Скришум пушиш! - си зборував.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Биди маж! Ако имаш три чисти запали пред тато и мама.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Ѝ носат, и не носат - сѐ така се расправаа, најнакрај Мими сепак попушти и мама Злата ѝ ги обу чорапчињата и сандалките, напоменувајќи: - Да знаеш, ова е вака само денес - затоа што ти е прв ден!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)