и (сврз.) - маж (имн.)

Додека помалиот син се растрчуваше меѓу публиката да им угоди уште со по некоја чашка, која тие ја прифаќаа како коктел, а тој самиот си ја сфаќаше како задушница, една старица во црно, склопчена надве врз едно столче во ќошот, гледаше во празно задумана во тајната врска меѓу смртта на детето и мажот, во ѓаволската судбина на таткото кому пред очи му умира синот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Основните мерки за остварување на принципот на еднакви можности на жените и мажите се нормативни мерки од областа на здравствената заштита и здравственото осигурување, социјалната заштита, пристапот до добра и услуги, економијата, работните односи и вработувањето, образованието и стручното усовршување, економските и сопственичките односи, користењето на јавните производи и услуги (потрошувачки права), културата и спортот, информатичко комуникациски технологии, одбраната, правосудството и управата, домувањето, јавното информирање и медиумите, државната и јавната администрација и други области определени со овој или друг закон со кои се забранува дискриминација врз основа на пол.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Пискотници се слушаат од Галичник до Река, што тешка несреќа ги збра и мажите, и жените, та гласи тажна ека и навева сал коб и зла?
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Та новата рана ја отвори старата; денес, кутра, да не бидам жива - над синот и мажот оплакувам одеднаш!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Некаде пред зори, замолив да влеземе под шаторот и да ми најдат една скала (донесоа една прекрасна, алуминиумска скала, одлична за еквилибристика); им ја покажав мојата циркуска точка со Петрунела, љубовникот и мажот со рогови; тие се смееја до бесвест, бараа да ја повторувам точката, и на крајот, Ина рече: „Зошто не ја изведеш таа точка неколкупати, додека сме во градот?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Најважно е сега да се избориме за рамноправност на жените и мажите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нѐ убедуваат дека тоа не е можно, дека мажите секогаш мора да владејат, но постоела ера кога жените владееле.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Шаторот беше дом и мораше да ги штити и мажите и жените во него од сите надворешни искушенија.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Со пиштење ќе ги разбудам жените и мажите да ти го ископаат и другото око.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ти реков дека ќе дојдам и дојдов. Одмандали ја вратата. - Како што си дошол - така ќе си одиш. И не враќај се.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Двете групи имаа мешовит состав. Млади, постари, жени и мажи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со овој закон се уредуваат основните и посебните мерки за воспоставување на еднакви можности на жените и мажите, надлежностите, задачите и обврските на одговорните субјекти за обезбедување на еднакви можности, постапката за утврдување нееднаков третман на жените и мажите, правата и должностите на застапникот за еднакви можности на жените и мажите, како и правата и обврските на субјектите кои учествуваат во постапката за утврдување нееднаков третман на жените и мажите.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Законот за еднакви можности на жените и мажите (ЗЕМЖМ) за прв пат е донесен во 2006 година  1 и е изменет еднаш, во 2008 година.  2
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Напатена по Солун по туѓи куќи, слугинка, и таа, и мажот и, кој не се враќал со недели и месеци да ја види, сега Доста осети дека влегува во нов живот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Достините јадења и пиења: мазник, ракија со мед, булиња, погачки на тенкото сито, на црковната трпеза предизвикаа чудење и завист кај витолишките невести и мажи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Есента веќе се јави на прагот. Буката во Лигураса за една ноќ ја мени бојата од зелена на жолта, градините одамна се „испуштија" и мажите ги качија прачките (бобовици) по врбите да презимуваат, за напролет пак да ги накачат граовите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И мажите и жените се пресоблекуваа во полутемнината без да водат сметка дека нешто може да им се види, го правеа тоа махинално, набрзина, жените сувите фустани прво врз глава а мокриот под него полека го смакнуваа и немаше што да се види, ама мажите не само што не се срамуваа, туку тоа го правеа и со некое задоволство, ако некоја сака да види нека види, ако не сака има раце, нека си ги стави на очи.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Потоа срипаа проповедници на разни религии да корнат коси дека бракот е од Бога изумен како заедница на мажот и жената, те само на мажот и жената, ни под разно на мажот и мажот или жената и жената, уште помалце на жената и мажот.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Префрлувајќи ја водата од тушот во славината, ја измива спермата капната над коленото. – Ќе сочекаме ­– се исклештува жената и мажот, на малечката ѝ се примочка.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
После, ми запеа. - Што ти пееше? - Така, една песна.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Дали жените и мажите заедно или одделно?
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Дали децата во посебен камион или заедно со жените и мажите?
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Чемерен, разнебитен, размеѓен – вудвосани старци, вдовици од шест војни, раскостени жени што ги наткаса болест, самоглавнички, доилки и чеднички и меѓу нив мажи разнеможени и мажи роболепници на сопствениот страв.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Жените и мажите го чекаа пред порти или го пресретнуваа на улица распрашувајќи се преплашени и жалејќи го деда Бошка што го снашло вакво зло.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А за мажите работите се едноставни и мажите повеќе не им веруваат на женските солзи!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
А, жените плачат зошто повеќе нема кадарни, сербези мажи, шармантни и галантни заводници, севдалии, внимателни, полни со љубов и разбирање, џентламен и совршен сопруг.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И мажите се пуштија кај мене, што се вели, ме заробија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пцујат и жени и мажи, а јас само си клавам в срце.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја исполнува ливадата и шумата и по други беспаќа дотекуваат нови бранови жени и мажи натоварени само со тоа што во последен миг успеаја да дигнат од дома и тераат пред себе стока.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Непознат е зборот, како и мажот кој викна. - Строј се! - пак истиот глас, сега посилен и позаповеднички.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Веќе до мостот се насобравме едночудо луѓе, така што си се најдоа жени со жени и мажи со мажи, како кому му одеше муабетот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Се наоѓав во една рибарска колиба, некои жени и мажи ми ја мачкаа раната со смрдливи масла, а едно момче на моја возраст, во рацете држеше два остри заба и ми ги покажуваше со смеење.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)