и (сврз.) - магацин (имн.)

Не само јадење и пиење, ами отворија и бакалница, та дури и магацин со обуш и облекло и разни ситнурии; огледалца, мониста, прстенчиња, обетчиња и којзнае какви ситни ѕрнѕурки, кои по Европа се продаваа по десет и педест за пара, а овдека Челебијата си ги определуваше цените како што сакаше и колку што сакаше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„А потоа го пронајдовме дрвото за весници и магацинот за муниција, па ги кренавме заедно во воздух. Ме разбираш ли, Том?“ Том се збрка малку. „Мислам, да.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)