и (сврз.) - лудило (имн.)

Лудилото не ја разбира нормалноста, нормалноста не го разбира лудилото,“ рече еднаш доктор Гете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во споредба со минатата година, сега има повеќе храна, повеќе облека, повеќе куќи, повеќе мебел, повеќе тенџериња, повеќе бензин, повеќе бродови, повеќе хеликоптери, повеќе книги, повеќе бебиња - повеќе сѐ и сешто, освен болести, криминал и лудило.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Недоразбирањето е она што ги раздвојува нормалноста и лудилото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На моменти мислам дека ќе полудам од болка. Која е границата меѓу паметот и лудилото
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
А она што ги раздвојува нормалноста и лудилото е стравот – нормалноста се плаши од лудилото, и лудилото се плаши од нормалноста.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ако лудилото ја прифати реалноста на нормалноста - ќе ги увиди не-реалностите кои ги создало, и тие ќе исчезнат а со нивното исчезнување ќе исчезне и самото лудило.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)