и (сврз.) - лик (имн.)

Во главата му се преплетуваа сцени и ликови од раскажувањата на Глигор.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Врз иконите над олтарот и ликовите на светците простум застанати на ѕидовите - разиграна е мрежата на пламенот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Направи пауза отец Иларион и продолжи: - Душата е корен во човекот; како што од коренот на дрвото се храни стеблото, гранките, лисјата, плодовите - така од неа се храни телото, видот, слухот, говорот, волјата, свеста и сè што човекот има; таа е извор од каде сѐ почнува и сѐ враќа; огледало севидливо; владател и роб; таа е целина како сонцето; сеопшта суштина; сила што обновува како соковите што го обновуваат сувото стебло давајќи му нови израстоци; таа е бунар во кој водата е матна или бистра, мирна или замрешкана; светлост затворена во пештера од крв и месо; зрачи, или потемнува; пламен и пепел; камен гранитен или прашинка; оган кој дур е под контрола е благодет, а потоа пустошник; какво тело носи, таков лик има; со менување на телото, и ликот си го менува; по неа се чита и открива човекот; често е читлива, а често загадочна; некогаш ти допушта да ѝ се вдлабиш и да ја видиш, а некогаш за миг ќе те заслепи како поглед во сонце; некогаш е живо железо што тече, поток без форма; кораб на отворено море; пространство огромно, но и теснец затворен во тајните свои; нѐ држи цврсто како градба, верно нѐ придружува, но не знаеш во кој миг ќе нѐ изневери...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Го назначи тој Маркота за баш-аза, прв граѓанин и челник на советот во беледието, ама и потоа Марко продолжи да белее и ликот да го тенчи.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Поголем дел од дворот беше засаден со зимзелени дрвца, вкусно обликувани во геометриски фигури и ликови на животни.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)