и (сврз.) - ливада (имн.)

Секој ден ги гледа Митре познатите долишта и ридишта, нивите и ливадите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Еднаш ручаа кај еден, вечераа кај друг, а често замркнуваа по реката и ливадите да ја преспијат вечерта во некоја оставена слама на некои гумна или во капиците сено, за да се разбудат утре и ја продолжат својата вообичаена „работа“ — играта по врбите или вириштата, капењето и риби ловење.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мртвиците, вировите, и блатата беа богати со риби - сом, крап, клен, мрена, штука, бојник, јагула, - а врбаците, шамачиштата и ливадите со барски птици.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Просто човек во пролет, кога се видеа дивите пајки и дивите гуски, требаше да внимава кај гази низ ливадите за да не настапи на некоја седелка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ти си и утро и ливада, непрочитана книга со заветен наслов кој мириса на среќни луѓе свежи лилјави цветови и топла живеачка;
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Да ми тропнат, леле, на порта, по дворје и одаи да ми се растрчаат, да ми се распеат во бавча китна, во лозје зрело и ливада зелена, Господе златен, семоќен, та тапан да удри и зурли да писнат за свадби, за првачиња и мераците да потечат ко река, леле... Кога ќе ми се вратат, леле, кога?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се искачи до последната наша нива и ливада, дури до оние горе в планина кои не се зарегистрирани во никаков имотен лист.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ниту оној што постои надвор, големите пространства, нивите и ливадите, сите планини и целата вселена, значат нешто. Бесполезни се сега за мене.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се отвораат нови ниви и ливади. На ливадите, по косидбата се бореа селските бикови.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)