и (сврз.) - лелек (имн.)

Кој ќе посведочи ако не ние за болките и чемерите, за плачот и лелекот, молитвите и солзите, за исчекувањата без крај, за пожарот, за викот и крикот, за ужасниот пораз, за откорнувањето и патиштата што сѐ подалеку нѐ водеа од дома и надежно ќе проречи дека по години и по времиња пак се ќе биде наше?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И кога од боиштата добивале писменца со лоши вести, тогаш престанувале да се плашат од рицинусот, од камшикот, од сувиот остров на Егејот; пуштале писоци и лелеци на свој јазик зашто само така најдлабоко, најболно, најпотресно, за олеснување на болката и за долг спомен на покојниот, ја искажувале својата болка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А авионите не престануваа со голема бучава ниско да летаат и да бијат со долги митралези рафалии и страшни беа грмежите на бомбите и ужасен беше пламенот што се издигнуваше над рамницата и ги снемуваше гласните викотници и лелеци на луѓето кои гинеа под бомбите и гореа во пламенот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
8. ПЕСНАТА САЈБИЈА НЕМА - за народната речен е зборов, некој и лелекот од неа го зема да го вие своето хонорарно оро...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)