и (сврз.) - лек (имн.)

Секој човек си има по некоа мана и по некоа болка, токо нека се живи пријатели, има болести, има и лекови. Ако к'смет ќе а лекуаме таа болес ваа вечер.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Имено, потковичаните, дојдени или доведени од сите краишта на Македонија, лека полека се свикнуваа едни на други и лека полека ги прифаќаа, како свои, традициите на староседелците: почнаа да им се придружуваат во чествувањето на светите води и места, ги прифатија обичаите сврзани со Латинска Црква, го прифатија Свети Никола Летен за заеднички селски сведен, а Турците се однесуваа како сето тоа да се правеше во нивна чест.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Првин, имајќи го постојано на ум едниот, почетниот, крај, убиството на стрика Анѓела Јанчески, се обидува да го намота клопчето на мислите за потоа да почне да го одмотува сталожено и лека полека сѐ до основната, сѐ до часов сегашен, во кој тој се обидува да го нацрта планот на населбата во Потковицата, - цртежот оставен на масата на средината на одајата тоа означува, план на населбата во Потковицата, заедно со црквата, со општината и со училиштето, кои треба допрва да бидат изградени - потоа, не станувајќи од столот, гледа низ едниот па низ другиот прозорец.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во последно време, канабисот е признат како ретко успешен лек за глауком во Америка, како контроверзен лек за опуштање на мускули при лекување на склероза мултиплекс и лек за апетит при третирањето на болните од СИДА.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Од сите страни пристигнаа алишта, храна и лекови.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Понекогаш овде го фаќаше и лека дремка, блажена дремка.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Освен, се разбира, и лековите, аналгините, диуретиците, витамините и седативите, кои сам си ги препишуваше и ги голташе со грстови, за главата, за срцето, за џигерот, за желудникот, за нервите, со што ќе најдеше во чашата - од вода до вино преку ракија - борејќи се против несоница, депресија и безволие, воопшто од безизлез.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
КРАЛИЦАТА Катја болна лежи На кралот Милош во гради болка му тежи Секој ден со бел коњ шета и лекови бара Да ја излечи од болката стара.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
И како дете што со млекото на мајката Го вселува во себе и законот на чемерот и болот Така во коренот некои жива маѓија го оплодува летото: Црни и златни рани ископани во глава на ангел Од праискони кружат крај тие сончеви реки А сонце нема и лека нема: Се крши стеблото И паѓа сенката Скитникот сам што си ја фрла за да почине во неа.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)