и (сврз.) - кокошка (имн.)

Колку ли само театарски чинители, бегајќи од сопствениот стерилитет, влегуваат на туѓа територија (се мисли на театарските сцени) и необмислено, неодговорно и недоследно ги уништуваат животите на илјадници слепи пилци и кокошки.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Добиче, да речеш немаа. Не стасуваше ни за нив двајцата, па козичката и кокошките ги чуваа во сеќавањата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Само повремено, од црницата на Надежда капнуваше по некоја црница, бела ашлама, и кокошка веднаш се вдаваше и ја клукнуваше.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Митре се понасмевна и одговори: — Шо имаше да стане, ќе си и окркаа бравите и кокошките агите, а Толе ќе гледаше од Пешча како се гошчаваат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Малите чеда ги обув, ги облеков во пљачки нови - како за празник и за црква, погача и кокошка им испеков и со молитви - благослови ги допратив до граница...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Од десетина дваесет чекори и Гуцето, како Митрета викна да не се плашат селаните од настанов, а веќе и Толе приближи до купот луѓе, кои инстиктивно се притиснаа еден до друг.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И магарето и козата се вратиле во пондилата. И кокошките во дворот се присобрале - претаат.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)