и (сврз.) - клетва (имн.)

Стариот Стојмен само промрморе: „Нека, нека и на вас ќе ви дојде крајот. Еден ден и вас сувава солза и клетва ќе ве стаса!“
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Околу главата му виореа ѕвезди, се пресегаа сечила, издишки и клетви круна му правеа како на светец.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А јас нѐ истркалаа по лицето на ридот како скаменета солза прободена во срцето од бигорна мака од прокуда и клетва.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
А таа, стројна жена во четириесетите најубави години, како да му го слушна мрморењето и клетвата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А и сам Симиќ, кога виде дека му завршија лагите и молбите и клетвите, се заплати и чекаше да чуе каква казна ќе му биде одредена.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Пред него трговците живо гестикулираа, попот, зацрвенет, истураше навреди и клетви, а тој, од својот скриен агол, мирно ги набљудуваше како смешни, несмасни кукли.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Митра пак со плачки и клетви го испрати, но Толевите ветувања беа така убедителни, та таа си остана со полна надеж дека не е далеку денот кога ќе се куртулиса од старото нејзино аро — Трајка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толпа луѓе, мажи и жени, мислејќи дека веќе сум се вратил од кај црквата, се собрале пред куќата и извикувале закани и клетви.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)