и (сврз.) - икона (имн.)

„Кандилата се занишаа и иконата од свети Илија почна да трепка со очите“, — тврдеше маѓерот Стојко Попов, кого нарочно Стале го поведе со себе во црквата да присуствува и да биде свидетел колку е „посветен“ дедот Стале, кога може да се кара со самиот свети Илија, та дури и кандилото пред неговата икона може да му го искрши.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А одочесниците низ полето, како и додоларките накитени со зеленило, со венци од младо жито и од полски цвеќиња, опремени со крстови и икони, пееја своја песна: Крсти носам, бога молам: Господи помилуј! Господи заврни!
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мажите беа средни по раст, витки, цврсти и не многу зборливи, жените пак, дотерани во свила и кадифе, со високи и натаврени шапки на главите, прилегаа на светиците и болјарките од фреските и иконите во црквите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- А некни; во црквата во која ноќевавме го изгоревме олтарот и иконите и со тоа, ми се чини, како да изгоревме дел од душата на народецот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И ете, ние кои станавме за да смениме една власт, сега со нашата власт и сила го изгоревме некни олтарот и иконите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Покрај јамата, селската пијаница Роза ја нафрла земјата како крст врз белиот чаршаф, јас на челото на дедо Васја го ставив ливчето со молитва, а во рацете му ставив икона.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
- Бакнувајте! Венчето и иконата... Кој не сака, нека си оди! И партиските исто, бакнувајте! - наредуваше таа. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 73
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Доаѓаа соночетци, вампирџии, одгатнувачи на магии, ме полеваа со светена вода, ме редеа со камчиња и икони, гореа над мене партали и конци, бдееја и пееја молитви, но никако да ме разбудат.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
6 Во окото на камерата се сместени крајбрежните трски, мирнотијата на водата, мноштвото јата од разновидни птици, островот Свети Ахиљ и ѕидовите на големата, некогаш прекрасна катедрала во која се молел царот Самуил и неговите воини, високите езерски камени бели брегови во кои сѐ уште се сочувани пештерските црквички и келиите на калуѓерите- испосници и иконата на Света Богорица насликана на карпа сто метри над езерската вода.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во олтарот зафрлена во ќошот, ’рѓа ја гризе крштелницата и иконите ги јаде црвот...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)