и (сврз.) - иднина (имн.)

Преглед Верувам дека времето во коешто живееме и иднината што може да се согледа, се одредени со две големи струи: постмодерната и еколошкиот предизвик.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Имено, двата пристапа кон сликарството се упатени кон најдлабоките слоеви на човечката душа и одејќи сѐ повеќе од онаа страна на рационалноста покажуваат дека остварената ирационалност и парадокс можат да имаат зачетоци во други, не помалку длабоки типови на значења кои можат да ги ускладат и смират очигледните спротивности како што се животот и смртта; реалното и имагинарното; минатото и иднината.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во однос на објаснувањето на овој збор имаше смисла да се трага по неговата суштина, историја и иднина во потрагата со Климент Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сегашноста е точката во која се прекршува светлината на минатото и иднината!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Ова е, Радо, нашата гордост, надеж и иднина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Темна и тешка маглена копрена се спушти како непробоен ѕид меѓу сегашноста и иднината.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како ретко кој друг во историјата, Фаик Коница со својот живот и творештво ја изразуваше судбината на Албанците распнати помеѓу Западот и Истокот, минатото и иднината, родната земја и егзилот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И уште им кажуваше дека меѓуетничките односи се столбот, темелот на кој се потпира стабилноста и иднината на оваа држава.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ќе се послужам со цитат од приредбата, на која една наша соученичка рече: „Марксистичката револуција го разурнува целиот духовен свет; љубовта кон татковината, националното чувство, односот кон историјата, кон семејството, минатото и иднината“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И потем направи една подолга драмска пауза, зазеде една особено смешна, надуена поза и продолжи: „Марксистичката револуција го разурна целиот духовен свет; љубовта кон татковината, националното чувство, односот кон историјата, кон семејството, минатото и иднината“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ние не те пративме на сколија да учиш за да работиш еден ден, ама, кога човек има фута, си има и иднина и нема од шо да се плаши.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
ЈАКОВ: Во секој ваш збор, во секое ваше движење, како во кристална топка, се гледа сето ваше минато, сегашност и иднина.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
На малечката и итра Митра не ѝ одмина таа загриженост на Перса, едноставно како да ѝ ја преслика мислата во себе оти и таа од ова дете слути само лоши работи, а какви, Господ и иднината го знаат тоа.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Апсолутно нејасно е како, само една тенка линија дели целосна доверба од апсолутна недоверба, како тенка линија е граница непремостлива помеѓу денес и вчера, минатото сегашноста и иднината, како едно дело во афект сторено, останува на душата, станува небиднина.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Во Тоскана никогаш не си на чисто, а кој вели и дека мораш да бидеш на чисто, дали сегашноста е веќе обезличена та на минатото не му преостанува ништо друго освен одново и одново да оживува; а ќе да е дека и иднината не е курдисана како што треба штом и таа отстапува пред минатото.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
НЕКОИ СТАРИ ПЛОШТАДИ МИРИСААТ НА НОВИОТ БАЛКАН
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Тоа е границата меѓу минатото и иднината, меѓу познатото и непознатото која се нарекува сегашност.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Не беа помалку болни, неизвесни, и другите зборови што идеа од радиото, од таа проклета направа која како некаков двојник на судбината, го предупредуваше нашето семејство за минатото и иднината.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Макар што на Македонците им е доволно само раздобјето Од Александар Трети Македонски до Цезар Македонците не го фермаат многу многу Некој си Калигула таму и особено неговиот коњ Кај го давале Македонците Букефал За некаков дртав коњ на Калигула Спроти императорот и коњот велеа Македонците Никој не велеше спроти императорот и аеродромот Што е знак дека Македонците сепак беа свесни Дека никогаш нема да имаат аеродром спроти Александар Велики Ама напатени од многу посегања врз минатото и иднината Си велеа поарно мало аеродромче со големо име Ем големо ем наше си велеа Македонците Отколку голем аеродром со туѓо име што се пишува на латиница
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
МИНАТОТО ИСЧЕЗНА КО СТАРА ИЗБЛЕДЕНА СЛИКА Живеј сега и одма, не дозволувај мрачното минато да ти ја одземе сегашноста и иднината, со сребрен сјај.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)