и (сврз.) - енергија (имн.)

Корисниците доживуваат зголемено чувство на возбуда, задоволство, самодоверба и енергија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- „Често можете да се фатите самите себе како стоите пред огледало и се прашувате: кои сте вие од другата страна на огледалото?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но оваа рамнодушност и покрај сите пречки, неверства, алчности, нискости, тешкотии, разочарувања и предавства се обидував да ја заменам со настојувањето, желбата, копнежот, со сите сетила, со сета страст, жед и енергија да го прифатам реалниот свет, да го осетам, почувствувам, допрам, доживеам, проживеам животот кој пулсира, кој се пени и прелева, несакајќи да изгубам ниту еден момент од него, зошто моето постоење е доволна причина за мојот живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Перформансот се претвори во оргијастичко прскање поликолор со таков спонтанитет и енергија што зачудената од почеток публика брзо се ослободи од првобитната фрустрација и влезе во таква екстатичност што сето тоа почна да наликува на некаков Вуду ритуал.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ама, не жалат блиските кога бараат подарок по Скопјето за внучињата од сестра, брат или братучед затоа што во подарувањето се предава и енергијата со која се трошеле парите за истиот, а кога некого љубиш како некој близок свој, навистина му посакуваш сѐ најдобро, па и не ти тежи самата свадба како на оние другите, кои молеле Бога да не бидат поканети и се пресметувале колку, всушност, ќе ги чини тој ден кога некој со кого не се виделе 100 години, ете, се сетил токму сега и на нив, па мораат да одат и да се отстрамат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ќе ми помогне, така што ќе ми даде разум и енергија да решам сѐ и да победи вистината.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
- Дали и тие се енергија? – праша Еразмо. - Да, суштествата и нивните чувства или живи духовности се појави и енергии кои протекуваат низ нив, доаѓаат и си одат, исто како ветрот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Подобро послушен физикалец што ви ги истоварува бедните панаѓурски стакленца и перлички од Грција и Турција, отколку креативност, ентузијазам и енергија ОВДЕ нешто да се работи. Држава на шверцери и пејџер-типови.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)