и (сврз.) - девојче (имн.)

Би можел повторно да ги стави, а на жената и девојчето да им објасни дека е сѐ настанато само поради една случајност - цртежите не биле добро прицврстени, па тој поручеква ги симнал, но утре пак ќе ги изложи, и на подобро место, дека го заслужуваат тоа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тогаш влегоа во салата жена и девојче, можеби последни посетители на изложбава за овој ден.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Неколку момчиња и девојчиња ги видоа и им обрнаа внимание на постарите, а овие бргу го известија попот и ќефалијата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Свртуваме во друга уличка, а на средината гледаме лежат жена и девојче.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ти ќе ми дадеш двесте наполеони, а јас ќе ти ја отстапам тебе целата стока, парите суви што ги има и девојчето.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Родени се за секакви игри: може да се игра и „прескакулица“ и „јавана“ и „солно-месо“, а и девојчињата да трчаат по браздите по цвеќиња или да се бркаат врескајќи како некој да ги дави или да им фучи со коприва по нозете.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Одењето на инженер Александар и девојчето, остави празнина што дури ни оваа планина, ни оваа убавина не можат да ја залечат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Знаеш, ништо нема да ми недостасува освен тебе и девојчињава.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)