и (сврз.) - граница (имн.)

“Автобио­графијата” исцело е стар назив со кој се означува едното од така “заложените” тела. 4Но, зошто пишувањето е толку важно?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Можеби дури и влогот е економијата сама, како и граница за секоја формализација.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- Захарјади ли? Се разбира дека тој ни е учител, ама и водач и ... кога ќе се обединат сите пролетери, тогаш ќе нема народи, ќе нема држави и граници.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Како резултат на отстранувањето на некогашните норми и граници, ќе преовладеат вулгарности, непристојности, есхатологија и што уште не!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но за време на Термидорот, кога се враќа на власт соборената класа, настапува враќање на старите реформи, со зајакнати тенденции на јазичен пуризам!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Арсо паѓа во некаков опасен транс, лудило што не знае за мера и граница. Тој сѐ повеќе се дразни.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
(...)Нови форми и граници чиешто значење е нејасно или 50 Бауман (и низа други теоретичари) го преферираат терминот ’глокализација’ наместо ’глобализација’, нагласувајќи ја меѓусебната врска меѓу глобализација и територијализацијата/ локализацијата како взаемно исклучиви но истовремено и заемно поттикнувачки процеси.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Си избраа професии за кои и границата, враќањето добиваат друга смисла.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не минало многу време од големата свадба каква што не се паметеше во градот крај Езерото многу одамна, кога со денови и со ноќи се пееле полифониските песни, се пиело и се играло, макар што земјата била во војна и во пустош, а и границите преку ноќ се менувале, започнал да се гаси животот на дедо.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)