и (сврз.) - глад (имн.)

Птиците надвор пиштеа од студ и глад.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
А јас по нови кругови жед и глад, не можев а да не издржам без да речам: - А најмногу сте опколени од самите себе!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Усети и глад. Однекаде, како под земја, Мече дочу кркорење – тоа цревата се караа гладни меѓу себе.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Кај него беше и тоа бунило, како што беше најсилно и сѐ друго, и машкоста, и инстинктот со најмалку напор од сите да изнајде нешто, со што ќе ја засити и својата глад, а и гладта на другите, со крвавите остатоци зад себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ако не знаеше дека треската трупа врз мене црни парчиња мраз на ноќта во која еден човек стана факел, можеше да знае дека торбата во моите раце е на тој Онисифор со обетка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Точно: пред тоа се спуштив од ридот, ја зедов торбата од Мечкојадовата кола на две преголеми тркала и пак зачекорив по врвицата на земјата со жилички. Потоа паднав од треска и глад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Секој од нив не беше јаден по неколку дена, лошо спани, криејќи се по плевни и бавчи, поцрнети од умора и глад, личеа на претепани ајванчиња.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Синкопи...напалм... денови на крв и глад и денови на скршени заби и денови на црни вдовици...
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Се лутеа ли на оваа зима, натоварена со студ и глад, на нејзиното несопирливо чекорење по беспатјето по кое минуваат само дивите ѕверови - мечката што меко се отфрлува од задните на предните шепи и волците кои веќе неколку дена јурат подавајќи ги црните муцки кон младата волчица? Кој би знаел тоа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А кој ли жив ќе истрае така да скрие дните во гробен сон, сред тешко ропство и глад и мака да лежи кротко на ладен трон.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Тетка Анѓа долго се врткаше во училиштето и упорно се бореше со немаштијата и гладот, штедејќи го брашненцето за подолги и потешки денови; чичко Петре постојано ѝ помагаше, ѝ се наоѓаше за што било и ја утешуваше дека и ова еден ден ќе помине и ќе дојде време убаво и среќно.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Во земјата настанаа години на немаштија и глад.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мајка ми, приклештена од тежестите на скорешната рожба и гладот на другите рожби, долго во ноќта го гледаше тажното зрачење на татковата лампа без да ѝ биде осветлена вистината.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„И се 'затвори небото' и дожд не заврна и суша фати и глад и зло секое до разнебитие…
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Така нѐ тешеше Мајка во тие денови кога немаштијата и гладот чукаа на портата од нашата куќа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)