и (сврз.) - врска (имн.)

Знаев дека зад себе држи два пропаднати брака и врски со многу, многу жени. Македонскиот Казанова.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Оттука и врските што ги имал со некои паши, како што е Беадин-паша од Солун, Исмаел-паша, командантот на главната команда на румелискиот корпус во Монастир, па и министерот за трговија Ахмед-паша.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Зад вратата беше сигурно и врската со Мајкините клучеви од бравите на враќањето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Затоа тој создаде нов тип на математика, топологијата, која е некаков тип геометрија што се бави со постојаностите и врските меѓу променливите величини.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Со одлачувањето - настапува делба, почетокот на разделбата и се создава нов однос и врски.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)