и (сврз.) - волна (имн.)

Место рогузина и црни козинави покровчиња и шарени перници со слама полни ,овдека ефендиите најдоа: море — душек исполнет со волна, море — веленца, па дури и меки и бели перници со бубаќ и волна полнети!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Имаше големи, сини очи Марин Крусиќ, посини од езерската вода, меки чизми со реси, панталони набрани под колената и топла пелерина малку непотребна за овој дел од годината, и за ова поднебје, но сето тоа уште на прв поглед го издаваше неговото дубровничко потекло и работата со карваните што пренесуваа восок и волна за Леш и други градови во Албанија.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)