и (сврз.) - виулица (имн.)

Зимите студени и со многу снег и виулици кои создаваат високи и тешко проодни намети.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И кога почувствува дека догорчето му гори прсти, ја истресе пепелта и како да се жалеше некому, рече: - Навикнавме на кал, на студ и дожд, на глад и жед, на магла и виулица, на вошки и нечистотија, на тресокот на бомбите и рафалите, на страдања, на крв, на болка и на ранети, на сакати и мртви, да нѐ убиваат и убиваме.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Беше тоа како да се враќам дома после долгогодишно планинарење по снег и виулици.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Од лево и од десно, од напред и од назад, се здадоа гласови Каде стигнуваат другите што се обесуваат на возовите како црни мадиња? или нас сакате да нѐ заборавите тука? да нѐ оставите со ветриштата и виулиците, со дождовите и со жештините? да нѐ оставите да нѐ смукне оваа проклета рамница како да сме изгниени мушмули?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)