и (сврз.) - бут (имн.)

За несреќа, се погоди да ја сретне Французинката баш откако се враќаше од трчање, а беше забревтан, испотен и особено мирислив и леплив.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И бутовите ми беа малку растресени, а и образите почнале да ми свиснуваат - но никогаш не сум мислел за себе дека сум дебел.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Дојде од купатилото гола. Од задниот дел на косата и плешките, кои не успеала да ги забрише со крпата, ѝ се тркалаа капки вода кои продолжуваа надолу по телото во кривулести поточиња сѐ до задникот и бутовите каде се распрснуваа и, така разлеани, целосно ја препокриваа кожата која со влажниот слој добиваше проѕирна жолто-руменеста боја со необичен сјај.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)