и (сврз.) - ан (имн.)

А кујните и ановите не пуштаа ни до портите да им се доближиш со празно ќесе.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ако нешто му се стемни, си рече, ако му се стемни од тоа големо ѕверење, нели беше слушал и за бесплатните гостилници и анови какви што ги имало овде за сиромаси?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Меаните и ановите се празнеа од веселите бегчиња вратени од војна: тие таму пушеа наргиле, се фалеа со подвизите и кршеа по некоја чаша.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)