и (сврз.) - алхемија (имн.)

2. Сликовно писмо (глоса) Чертами и рјазами чтах и гадах еште се ште погани од излез до залез - колку што треба за да се одигра трагедија – кружев како Земја-Змија-Змеј околу-наоколу замокот од симболи зашто „треба светата да се искаже смисла на вишите дела“,12 а не приказни да се прикажуваат зашто треба писмото да се протолкува на таротот и кабалата, на ји-ѓингот и магијата на астрологијата и алхемијата па да се стапне Духом на Дискот рамен и совршен на Етерот, Орфичкото јајце Жолчката жешка, системот: Едно е Сѐ – Сѐ е Едно.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Би било возбудливо да се гледа еквилибрирањето помеѓу науката и алхемијата, философијата и религијата.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тој се сети на зборовите како алгебра и алхемија, без да знае дека се арапски, а кои влегле во балканските јазици по литерарен пат, од интернационалната лексика, а не од турскиот јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)