и (сврз.) - авион (имн.)

Зоки Поки има многу играчки: и моторен воз, и авион, и лимузини, и велосипеди, и трактор, и дигалка, и топки, и труби.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ги снема ли воените бури и авионите? Кон крајот на месецот, попладнето, на џадето, понатака од морнарската касарна, еден зад друг се наредија дваесетина воени камиони.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ни рекоа: само да се смири малку, да ги отфрлат владините војски некаде таму, кон Олимп, да ин ги уништат аеродромите и авионите, та потоа ќе се вратиме дома, ќе учиме нема да се криеме по шумите, да спиеме под голо небо или во пештери.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)