и (сврз.) - шушка (гл.)

- Леле, дедо, се стиснав до него, - ајде да си заминеме, да знаеш само колку се плашам. А, и шушка нешто во гранките, слушни!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Како да се изживува со нејзината помамена немоќ, тој ќе ја седнеше в скут, и шушкајќи ѝ во увото, се истураше во неа, безобѕирно туѓ.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Имаше облечено нова мантија и ставено нова шапка; инаку носеше фетва мантија, излижана и посивена од сонцето; имаше густа брада што му се спојуваше со косата и мустаќите; му се испакнуваа само јаболкцата на образите кои оддаваа црвенило и здравотија; кога газеше, газеше со појадри чекори, при што со нозете како да ја набиваше калдрмата по патот, а мантијата му се затегаше напната во колениците и шушкаше; крстот заедно со клучовите од манастирските порти и простории, провиснати од десниот џеб, му се нишкаа при одење и ѕвецкаа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тенките глуждести прсти му играат и шушкаат со хартијата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
По широките, како флорини, светнати скали долго крцкаа чевлите на мажите и шушкаа копринените фустани на жените. Куќата натежна од свет...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)