и (сврз.) - фрли (гл.)

Во плевната растуривме малку слама и фрливме едно старо ложниче одозгора. И тука легнав, се расчепатив, со проштение. Студи, ама што ќе правиш: си се нашол.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
ЕВТО: Ти твоите пословици врзи ги во вреќа и фрли ги во вода, а од мене подалеку!
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Зедов цигла и фрлив - завладеа тишина...
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Но ова попладне му ги уништи сите негови изградени значења и вредности и фрли покрив од сивило над сѐ.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Пресечи ѝ го вратот и фрли ја дури онаму.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И фрли го тоа одвратно палто по ѓаволите.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ама, ако мораш, цвеќето мирисни го и фрли го, а од амбарот повеќе земи одошто наполни - ете, тој е советот.“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тука Фисот не можеше веќе да се воздржи и фрли со тешкиот часовник од масата по мене; часовникот удри една педа од мојата глава, во ѕидот и направи пристојна дупка; рече: „Ти признаваш сѐ?!“ Јас реков: „Да“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)