и (сврз.) - турка (гл.)

Ајде, сите војници долу. Слегоа и туркаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Откога заврти од зад куќата десно, видов дека тоа Атанас Бамбо натоварил две кофи со сливи џанки и туркаше накај дома да ги тури во бурето.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Одеше Скрче од дрво до дрво, се потпираше на стеблаците со челото и туркаше како да сакаше да ги урне.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Еленчињата се наведнале прудолуглава и туркаат назадгазум.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)