и (сврз.) - рика (гл.)

А пампурот сал рикаше и рикаше, а ние собрани куп, се тресеме, плачеме и си велиме - е сега ни дојде крајот, тука каде ништо не се гледа ќе нѐ фрлат во морето.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога тие ќе крадеа овошје по градините или зеленчук по бавчите, на него белјата ја фрлаа; и кога ќе врзеа куче и мачка за опашка или кога ќе им врзеа конзерви да тропаат по нив и панично мјаукаа и лаеа низ селото, на него белјата ја фрлаа; кога на селскиот добиток ќе му ставеа коњски муви и стршлени под опашката и тие јуреа и рикаа како бесни низ полето или сокаците, белјата на него ја фрлаа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Од сето тоа најмногу ми се допаѓаше ова, последново: јурев низ бавчите и рикав, набере навјасале орли и чакали.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Кога го извлекла трнот, мечката рикнала и почнала да бега и да рика; бегала, потоа ќе се свртела, клекнувала и рикала: Сѐ додека ме гледаше така правеше, раскажуваше мајка ми.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)