и (сврз.) - помисли (гл.)

Од терасата на хотелот „Дуна“ се восхитував од убавините на тврдината на аласите и на Кралскиот дворец, во кој е сместена националната Уметничка галерија на Унгарија, уживав во ладните пијачки и, навикнат на секој чекор во Будимпешта да гледам убав, млад свет, не ме зарадува глетката на терасата која, буквално, беше окупирана од старици, облечени во шарени алишта, та дури смешни, и помислив - остарела Будимпешта.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ана беше непредвидлива, седеше токму на седиштето крај прозорецот, таа веќе се наоѓаше таму кога јас влегов на станицата Етјен Марсел па кога некој Црнец ослободи едно седиште напред за кое како никој да не беше заинтересиран, па кога јас успеав да се провлечам со некој неодреден изговор меѓу колената на двајца патници што седеа на седиштата покрај ходникот, останав покрај Ана и, речиси едновремено, бидејќи влегов во метрото токму уште еднаш да ја одиграм играта, го побарав профилот на Маргарита во одблесокот на прозорското стакло, и помислив дека е убава, дека ми се допаѓа нејзината црна коса со како птичје крило што накосо ѝ паѓаше преку челото.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Христос воскресе, им рече старецот на домашните А потоа долго гледаше во свеќата што догоруваше на трпезата И помисли: меѓу илјадниците свеќи што горат во животот Има само една вистинска – онаа, уште незапалената, - Врз правот нѝ.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Во него се сместени неговите мошти и гускиното перо со кое ги запишувал своите богомудри мисли и помисли“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тоа траеше можеби половина час, можеби и час; времето не ми значеше ништо и јас ја гледав таа жена, чисто тело, за мене непозната душа, ја гледав со каква студена страст го прави тоа што го прави, како се подвигува, како се извишува сама од себе и помислив: „Којзнае колку била несреќна надвор, и којзнае како и колку ја понижил некој маж, штом може ова да го прави!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ете, во тој момент станав свесен за чудното, самобендисано, неодговорно дури и опасно однесување кон нашата иднина на поголемиот број мои пријатели, и помислив, не, не помислив само, туку и решив дека морам да ѝ се спротивставам на неодговорноста и на алчноста...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Земајќи ги предвид насобраните сознанија за животот и за луѓето дали и денес би постапил така како што постапив тие денови? Не сум сигурен...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За тоа време, додека се седеше и се вревеше заедно, јас сепак забележав како тие тројца одвреме навреме си праќаат ишарети, додека вториот помошник пак не стана божем по мала нужда, а се задржа трипати по три големи нужди, и мене тогаш ми стана јасно дека тој ни ги враќа украдените пљачки од нивниот шлепер во нашта кола и пцува мал да си најмал да не си и да не работиш залудни работи што не ги работат постарите, кои не прават дупки во вода туку си пијат вино, зашто чаушот нивни заради шише вино си ја продаде душата и помисли дека овие клатикуровци се од наша фела, па ај да не им земаме работи што не им требаат ами да се провеселиме на нивна сметка, и до зори ако ни заоди.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Некои луѓе што сакаа да излезат од лифтот, ги видоа така купче и помислија дека го згрешиле катот, па во недоумица се вратија и набрзина продолжија нагоре, подалеку од тие лудаци.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Избегнувајте од каква било зајадливост и шега и помислете дека таа судбина сте можеле, можеби и вие да ја имате.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Трајче го запре сечењето и помисли: „Можеби се партизани?“
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)