и (сврз.) - модри (гл.)

Одгледуваше кромид, лук, морков, целер, магдонос, дури и по некој страк бамји и модри патлиџани.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа што ѝ недостигаше го купуваше на блискиот зелен пазар, а вишокот зарзават од градината им го даваше на блиските соседи со кои на есен подготвуваше туршија и друга зимница за зимскиот период.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Таков: карпи од чии врлежи се образува неспомната, ни во книга ни на слика, царска тврдина со стотици пештери и пештерчиња низ кои се спровираат лачи, под облаци чија боја е згуснатост на спокој и на кои лежи бакарно-портокалеста дамка и предвидува дека од некаде ќе скокне со јунешки пркос сонцето и ќе ја измени бојата на темната, спокојна, скоро мртва вода на чие дрво се претчувсвтвуваат билјурни ѕидишта на манстир; низ прозорците на ѕидиштата се провираат сребрени и модри ластари, на нив висат гроздови од мали сонца.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Темнокожите смолари, со кои работеше и со кои живееше, имаа влажни плеќи и модри заби; се собираа околу него и молчеа нејаки да го разберат крвавото зло.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Од длабокиот снег изгладнети изѕемнати и модри ги испуди нешто ветерот што го донесе.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Киоскот со цигари и весници е отворен, лебот е дојден од градот, а на пазарчето се продаваат домати како јаболчиња, распукани смокви, презреани краставици и модри патлиџани како дебели краставици, динчиња колку тупаници и калинки колку динчиња, прави пиперки како скротени риби и по некоја шарена лубеница долга како тиква за печење.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)