и (сврз.) - крене (гл.)

Ми се стопи студот во градите, коњот се смири, се успокои и крена кроткум кон градот...
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сигурно ги потерале понагоре, си велиме, и кренавме раце.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Остави ги работите сами да си бараат корито, сами да си се редат, навистина така си реков и кренав раце, иако, ова нешто за прв пат го признавам, на жената не ѝ е лесно кога нејзиниот маж ќе се заплетка на такво место и со такви луѓе.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)