и (сврз.) - копа (гл.)

Тиа што ќе откинат и побегнат, да не можат да се вратат веќе, макар колку аскер и заптии да доведат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Организацијата пак сака друго: Секој наш човек — рисјанин — да постане јатак, секој да постане селцки кумита; дење да ора и копа, ноќе да тргне со тебе да ти помогне во твоата работа ако ти е тешка сам да а свршиш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И копа, длаби, гризе копнежот...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Слушај ја наредбата! - викна тој. - Лопата в рака и копај додека ја истече водата!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Земи лопата и копај тука за да истече водата – тој покажа со валканата чизма. Рововите полни вода.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Секое нешто во кое се загледуваше, разбудуваше море од спомени, ја враќаше во далечното минато и копаше во нејзиното срце, кое изгоре во огнот на нејзините копнежи и напразни очекувања.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се оддалечуваше од сипаничавиот полумрак и од сенките во него и копаше во себе, на чија страна е нејзината врела крв, сега, кога во исто време им припаѓаше на обајцата, на тој студен и благ Иван со долги нозе на јак ждребер и на исклештениот гамен и бог со жолти прсти од ефтини цигари, сега, кога претпоставуваше едно искричаво судрување и преместување, едно замрсено и нејасно зло.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Далеку, зад багремите, двајца други старци лазеа на коленици и копаа од земјата црви.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во тие дни и ноќи, песовите со кренати муцки виеја и завиваа страотно, или `ржеа и копаа со шепите по земјата како по дира на едра лисица, како по реата на стара волчица.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Им заповедав да копаат на тоа место. И реков: „Влезете и копајте во водата, и не бојте се, оти нема да се исподавите како глувци.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Додека околу нив се мешале извици, истрели и блиски далечни грмотевици, вториот раненик, оној, преку чии очи минал шрапнел, лежел ничкум и копал со нокти и заби под себе и пцуел, пелтечаво и тешко, под контузија - и султанско знаме, и паши, и вера, Тој до него, со две парчиња од војничкиот ремен ги стискал нозете над коленици за да не ја изгуби крвта и со неверување слушал во зачуденоста без чувство за болка, за еден миг заборавајќи си ја судбината: кауринот, на кого му е укажана чест да биде војник под зелен бајрак, не атакувал за да ги убива оние што ги зеле да се бори со нив за нив, милосливите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Она, му велам, Симона што го затворија. И песот негов, Гаро, му велам, душка таму и копа.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И копаме ровови, сечеме дрвја и правиме засолништа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
БОРИС: Цел живот мислев нови светови градам со чисто срце, со сета сила, орав и копав, нуркав и летав, со змии и аждери адски се давев и не слава за себе да крадам, а слава на родот свој да му дадам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Осип Сечковски кашлаше и плачеше. „Тој го убил моето воле со моја вила... Утре пак ќе си каснете пресно месо ...“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Добро“ рече Онисифор Проказник. „Ќе го бараме кога ќе се раздени. А кога ќе го нјдеме, судете му - кинете жили и копајте очи.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И копај, копај, копај, и дувај си во прстите, одвај ја ископав дупката, за да му направам легало на девојчето. На Роса моја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се сеќавам на мојот татко тоа попладне, како копа и копа во градината, како животно што бара нешто, така прилегаше.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)