и (сврз.) - колне (гл.)

Секогаш кога ќе ја погледнаше Руса, се стрчуваше кон неа, ја заграбуваше и плачеше и колнеше на цел глас.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Приплакуваат и колнат; фрлаат со камења на училиштето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таа се прпелка во правта, клоца со нозете и колне.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога го побара ѓерданчето, го немало; барала, барала и не го нашла, плакала и колнала едно чудо.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Тој офкаше и колнеше: „Оган да го изгори селово!“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Наместо да ни дадат леб, нѐ бркаа со стапови, нѐ пцуеја и колнеа, ни ги пуштаа кучињата...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Оди Пецоица кај Богоевци, ги расплетува косите и колне.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се растрчува низ дворот и колне ли колне.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Доаѓа овде и колне: „Јас од нив живеам, вели. Немам ништо друго.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Си ги подгазуваат опчаниците, си ги кинат опутите, ама трчаат и колнат, викаат. Којзнае што викаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)