и (сврз.) - извика (гл.)

Таа просто скокнала од своето место и извикала: „Јас сум учителка и не разбирам зошто Грета изгледа како проститутка!“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
По насмевката Гоце го позна и извика: - Доне, Доне Стојанов!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Гоце скрцка со забите, уште еднаш цврсто го стегна кундакот од малихерката и извика: - Удрете на поробителите!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ти се чинеше дека е жив и дека ја целува земјата со своите врели усни.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Јане ококори очи и извика: - Да не си се осмелил да ја сечеш!!! Разбра?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Зашто, некој прадедо, пред педесетина години, тој бил производител и трговец на розово масло, враќајќи се дома, пеплосан сиот од бес, застанал пред прагот на собата и со сета сила го фрлил среде посланиот килим шишенцето со розово масло и извикал: - Та мене ли ќе ми кажат дека тоа не е чисто масло!...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кога се качи горе на проповедалницата, тој се потпре со рацете на пармаците, се заниша, како да се токми в небо да се фрли и извика: „Народе! Луѓе, жени и деца и сѐ што е господово. И кој ме слуша и кој не ме слуша...“
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Откако фрлил 11 бомби, извадил револвер и извикал: “Еве, вака умира јунак“! Потоа несреќникот се самоубил 114.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тој го врза коњчето во својот двор и извика: - Мајко, мајко! Каде си да ме пречекаш?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Тој се струполи и извика: „Мајн гот!“* - и бомбата падна и експлодира до него.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)